Според шпанските медиуми Реал Мадрид во наредните денови ќе постигне конечен договор со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер. Сепак, тој и наредните шестмесеци ќе остане на „Стемфорд Бриџ“, а следното лето ќе дојде во Мадрид како слободен играч бидејќи му истекува договорот.
Германскиот репрезентативец се уште одбива да го продолжи договорот со Челзи, а интерес за неговите услуги има и од Манчестер Јунајтед. Сепак, според шпанските медиуми, пријатели на Рудигер откриле дека тој веќе му кажал ДА на Реал Мадрид.