ПСЖ не беше активен на пазарот ова лето како што беше порано.
Во последниве години, парижаните потрошија огромни суми на нови засилувања, но ова лето решија да направат малку пауза. ПСЖ не досега не се расфрлаше со парите во преодниот рок и беа направени само неколку засилувања.
ПСЖ денес потврди дека новиот фудбалер е Идриса Гуеје кој пристигна од Евертон. Овој 29-годишен играч од средниот ред пристигна во францускиот клуб за 32 милиони евра.
Гуеје вчера беше подложен на успешни лекарски прегледи, потпишувајќи четиригодишен договор со ПСЖ. Покрај Евертон, овој Сенегалец играше и за Сиамбарс, Лил и Астон Вила.
🆕✍️
Ici pour briller ! ✨
🔴🔵 #ICICESTPARIS pic.twitter.com/otaIx3u7t4
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) July 30, 2019