Илија Несторовски, како што се очекуваше, отпадна од составот за настап на историското Европско првенство кое почнува на 11-ти јуни. Причината е повреда. Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери со кои ќе настапи на дебитанското ЕП. Има две изненадувања, односно две имиња се нови, а тоа се играчот за врска од Штутгарт, Дарко Чурлинов и Милан Ристовски, кои се дел од младинската селекција. Покрај Димитриевски и Шишковски, како трет голман ќе биде Јанков. Инаку, Ангеловски може да понесе 26 фудбалери, од кои тројца ќе бидат пријавени на резервната листа.
Првиот меч Македонија го игра на 13-ти јуни против Австрија, а претходно на први јуни ќе има пријателска средба со Словенија. Освен Македонија и Асвтрија, во групата се Украина и Холандија. По Австрија, играме со Украина, а групната фаза ја завршуваме со Холандија во Амстердам.
Списокот на Игор Ангеловски за историскиот настап на ЕП
ГОЛМАНИ:
Столе Димитриевски
Дамјан Шишковски
Ристо Јанков
ОДБРАНБЕНИ ИГРАЧИ:
Стефан Ристовски
Висар Муслиу
Егзон Бејтулау
Кире Ристевски
Ѓоко Зајков
Езџан Алиоски
Дарко Велковски
СРЕДЕН РЕД:
Аријан Адеми
Енис Барди
Стефан Спировски
Бобан Николов
Тихомир Костадинов
Ферјан Хасани
Ељиф Елмас
Даниел Аврамовски
Дарко Чурлинов
Марјан Радески
НАПАЃАЧИ:
Горан Пандев
Александар Трајковски
Иван Тричковски
Влатко Стојановски
Милан Ристовски
Крсте Велковски