ФУДБАЛ

Игра за Јувентус, а уловен со кеса на Интер, што ли ќе кажат навивачите?!

Јувентус и Интер важат за најголеми ривали во Италија, а мечевите кои се играат помеѓу овие два тима се нарекуваат „Дерби на Италија“. Како што е познато, ривалитетот е голем, па однесувањето на фудбалерите на двата тима и нивните изјави со големо внимание се следат. Еден таков невнимателен потег направи Кепрен Турам, Французин кој игра за Јувентус, а како што е познато неговиот брат Маркус Турам игра за Интер. Тие се синови на легендарниот Лилијан Турам. Е, Кепрен е забележан како излегува од една продавница во Италија, носејќи ќеса со логото на Интер. Останува да се види како ќе реагираат навивачите на Јуве.