Според пишувањата на португалските и англиските медиуми, Ливерпул треба да финализира одличен трансфер во следните 48 часа.
Имено, „црвените“ заштедија 50 милиони евра за играчот од средниот ред на Порто, Бразилецот Отавио (26), кој би дошол како замена за Георгино Вaјналдум.
Отавио има одлична сезона зад себе во Порто, каде одигра вкупно 42 натпревари во сите натпреварувања, постигна пет гола и запиша 12 асистенции.
Тој пристигна во Порто како голем талент во 2016 година од Виторија Гимараеш. Тој исто така одигра пет натпревари за младинските селекции на Бразил, сè уште нема деби за сениорскиот тим.
Покрај Отавио, во потрага по Мбапе тргна и Ливерпул, како и по Сабицер од Лајпциг, така што составот на „црвените“ за следната сезона треба да изгледа пеколно.
Можна постава на Ливерпул следната сезона: Алисон, Ван Дајк, Конате, Трент, Робертсон, Сабицер, Отавио, Тиаго, Мане, Салах, Мбапе.
Судбината на неколку играчи на „Енфилд“ е неизвесна, така што ќе има интересни трансфер во заминување во тимот на Јирген Клоп.