ФУДБАЛ

Играчот кој блеска во Вулверхемптон пристигнува на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед одигра фантастични натпревари откако сезоната продолжи, и тие го освоија директеното место во Лигата на шампионите.

Оле Гунар Солскјер го постави тимот во одлична форма и Јунајтед беше најпријатното изненадување во Англија по остатокот од сезоната. Со одлични резултати, тие дури и дојдоа до третото место и со тоа се квалификуваа директно во Лигата на шампионите.

Но, норвешкиот стручњак сака дополнително да го засили тимот пред новата сезона. Главната цел е да се донесе посебен напаѓач затоа што тие го имаат само Одион Игало на оваа позиција, додека Маркус Рашфорд и Антони Марсијал исто така играат таму доколку има потреба.

Англиските медиуми пишуваат дека главна желба на Солскјер е Раул Хименез, кој игра одлично во Вулверхемптон. Солскјер смета дека овој Мексиканец би се вклопил совршено во неговиот тим, а челниците на клубот веќе започнале преговори со „Волците“.

Хименез минатата сезона одигра 53 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 26 гола и додаде уште десет асистенции.