ФУДБАЛ

Играчот кој најмногу се плаши од коронавирусот: Никогаш не ја соблекува маската!

Џери Бенгстон, фудбалер на Олимпија од Хондурас, не планира да се зарази и постојано носи маска.

И иако е незамисливо играчите да носат заштитни маски за време на играта, Бенгстон и тогаш сака да биде сигурен дека нема да стане жртва на малигнен вирус што се појави во Кина на крајот на минатата година и се уште е активен.

Тој синоќа со маска на лицето одигра натпревар против Монтреал Импакт во Орландо, каде се игра финалето во Лигата на шампионите за клубови од Северна и Централна Америка.

Невообичаена глетка, но секако треба да се почитува одлуката на Бенгстон и ако сите беа на тој начин на размислување, во светот може да има помалку заболени од коронавирус и смртни случаи.