Откако остана без Лигата на шампионите, Милан тргна во потрага на засилување за подобро да го започнат почетокот на новата сезона.
Па Милан ова лето го означиа играчот од средниот ред на Арсенал, Лукас Тореира, како главна цел и размислуваат Франк Кеси да го понудат како дел од договорот.
Уругваецот во јули минатата година пристигна од Сампдорија во Арсенал за 30 милиони евра, имаше одлична сезона за Арсенал играше 50 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола, но минатата недела призна дека се бори да се прилагоди на животот во Англија.
Како што објави „Gazzetta dello Sport“, иако Арсенал испрати порака дека Тореира не е за продажба, Милан веќе контактирал со неговиот агент за да разговараат за договорот појачан со фактот дека девојката на Тореира, Виториа Репето, кој е од Џенова, не ужива во животот во Лондон и сака да да се врати во Италија.
Милан ќе треба да потроши околу 45 милиони евра за Тореира, па затоа во овој трансфер сакаат да го вклучат Кеси, според информациите Милан се подготвени на размена, но доколку Арсенал не ја прифати размената, Милан ќе го продаде Кеси и ќе го купи Кеси.
https://twitter.com/MrArsenicTM/status/1139777265078886400