ФУДБАЛ

Играчот на Арсенал пред потпис за Фиорентина

Арсенал работи напорно за да создаде силен тим за следната сезона.

Арсенал е доста активен ова лето. Топџиите ги доведоа Вилијанс од Челзи и Габриел од Лил, а сега Артета реши да се ослободи и од некои играчи.

На Колашинац наскоро на излезната врата од Емирати може да му се придружи Уругваецот Лукас Тореира, кој е многу близу до договор со Фиорентина.

Фудбалерот кој одигра 39 натпревари во претходната сезона имаше проблем со повреди, но паузата поради коронавирусот дојде како „кец на десет“ и му помогна да игра за Арсенал на крајот од сезоната.

Медиумите во Италија јавуваат дека Фиорентина платила 8 милиони евра за неговиот заем и дека ако сакаат можат да го задржат по сезоната за двојно поголема сума од споменатите пари.