ФУДБАЛ

Играчот на Реал го потврди неговото заминување од клубот: Разговарав со Зидан и го прифатив неговото објаснување

Лука Јовиќ денес официјално го потпиша договорот со Реал Мадрид, а Еден Азар допрва треба да го стори истото.

Така, Кралскиот клуб ги започна плановите за следната сезона, но некои играчи од тимот нема да бидат дел од тие планови. Дани Себаљос потврди дека ќе го напушти клубот ова лето.

Зинедин Зидан почна да троши големи парични трансфери ова лето, а неколку играчи се очекува да го напуштат „Сантијаго Бернабеу“ за да го финансираат доаѓањето на нови играчи.

Себаљос беше еден од играчите за кој се пишеше дека може да го напушти Мадрид ова лето, и тој го потврди сега.

„Зидан разговараше со мене и беше многу јасен, го прифатив неговото објаснување за тоа каде ме гледа во претстојната сезона. Сепак, имам договор уште четири години и висока клаузула за откуп“.

Себаљос е моментално има репрезентативни обврски со националниот тим на Шпанија до 21 година на Европското првенство, и потврди дека одлуката ќе биде донесена по турнирот.

„Кога ќе се вратам, ќе донесам одлука. Ако одам, сакам да играм за тим во кој се чувствувам важен играч“.

“Сакам да покажам дека можам да играм во кој било европски тим. Јас сум млад играч кој сака да успее, и не можам да имам уште една година, да не играм“, вели Себаљос.

Дани Себаљос оваа сезона одигра вкупно 34 натпревари во дресот на Реал Мадрид и постигна 3 гола и 2 асистенции.

https://twitter.com/betszone7/status/1138780154103259137