ФУДБАЛ

Играчот на Сити очекува ВИП третман во затвор: „Имаше шокантно отрезнување“

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди е зад решетки, откако беше обвинет за силување.

Менди е обвинет за четири точки за силување, а друг за сексуален напад, и тој моментално се наоѓа во затворот во Ливерпул.

Таму не беше пречекан со луксузот што го очекуваше. Францускиот фудбалер мислеше дека ќе биде сместен во ВИП -одделот, но тоа не се случи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Benjamin Mendy (@benmendyyy)

Сан тврди дека фудбалерот на Сити бил сместен во ќелија со други затвореници што го шокирало.

“Кога пристигна мислеше дека ќе биде во ВИП -секцијата за своја безбедност. Имаше шокантно отрезнување кога сфати со кого ќе го дели просторот. Тој воопшто не беше среќен”, рекол затворски извор за The Sun.

Менди е обвинет за три силувања што се случиле меѓу октомври 2020 и август 2021 година, а ќе се појави на суд на 10 септември.

Манчестер Сити го суспендираше овој фудбалер кој му ја уништи кариерата.