ФУДБАЛ

Играчот од средниот ред на Лајпциг потпиша преддоговор со Баерн

Играчот од средниот ред на РБ Лајпциг, Конрад Лајмер, потпиша четиригодишен договор со Баерн Минхен, пренесува Sky Sports Germany.

Австрискиот интернационалец ќе им се приклучи на Баварците како слободен играч. Неговиот договор со Лајпциг истекува на крајот од сезоната.

Лејмер успешно ги помина лекарските прегледи, по што потпиша договор со Баерн до 2027 година.

Од почетокот на сезоната, играчот од средниот ред има 21 натпревар, два гола и една асистенција. Австриецот му се допаѓа на сега веќе поранешниот тренер на Баерн, Џулијан Нагелсман. Иако Томас Тухел го презеде тимот, преговорите со Лајмер продолжија.