По рекордниот седми натпревар без победа во домашното првенство, Ајакс реши да го смени тренерот Алфред Шројдер. Тоа беше направено по ремито со Волендам (1:1).
Директорот на клубот Едвин ван дер Сар по натпреварот објави дека е договорено раскинување на соработката со Шредер, а тимот ќе го води Џон Хејтинга, поранешен играч на Ајакс и доскорашен тренер на младата екипа.
Без влакна на јазикот за резултатите и смената на тренерот зборуваше капитенот Душан Тадиќ.
-Каков тренер ни треба сега? Мора да биде силна личност. Но, групата играчи останува иста, знаете ли тоа? И игравме како ку*. Ајакс е петти и тоа е неверојатно. Ги загубивме карактерите во соблекувалната и ни недостига одлучност, изјави Тадиќ кој додава:
“Засрамен сум и одговорен за отказот на Алфред Шридер. Сите играчи треба да се чувствуваат исто затоа што не успеавме. Не победивме по којзнае кој пат сезонава, не треба и не смее да му се случи на Ајакс. Што се однесува до тренерот… Така Фудбалот работи, но сите треба да се погледнеме во огледало. Ајде, не го напаѓајте Фоленд! Кој и да е тренер, треба да победите, а и без менаџер треба да победите“, изјави Тадиќ.
Инаку, Ајакс во домашното првенство на последните 7 меча има шест нерешени средби и еден пораз.
