ФУДБАЛ

Игуаин како Пјаниќ: Јувентус подготвен за уште една размена

Јувентус претходно се согласи да размени играчи со Барселона, а во Торино сега се подготвени да направат уште една работа по сличен принцип.

Откако Миралем Пјаниќ беше испратен во Барселона во замена за Артур Мело, сега се појави приказната дека Гонзало Игуаин би можел да отпатува за Фиренца во замена за Федерико Киеза.

„La Gazzetta dello Sport“ тврди дека заедно со Игуаин, Јувентус на Фиорентини би ги предал и правата на Кристијано Ромеро. Фиорентина одби да го ослободи талентираниот Киеза, но по нешто послабите игри на овој млад напаѓач, претседателот на Виола Роко Комисо се премисли.

Јувентус е сеуште првиот фаворит за донесување на Киеза, а овој пат „Старата дама“ сака да стигне до играчот преку размена. Интересно е што искусниот Игуаин е мамка на Јувентус, но прашање е дали во Фиренца ќе можат да го плаќаат Аргентинецот седум милиони евра годишно, онолку колку што заработува во Торино.

Што се однесува до Ромеро, тој е дефанзивец на Јувентус, исто така Аргентинец, кој сега е на позајмица во Џенова.