Аргентинскиот напаѓач започна дискусии со „бјанконерите“ за разделба во овој преоден рок
Гонзало Игуаин се очекува да се раздели со Јувентус во наредните денови или недели.
Порталот „Goal.com“ објавува дека претставниците на аргентинскиот напаѓач во моментов се во Торино за да разговараат со челниците на клубот за заминувањето на Игуаин.
Неодамна, поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Наполи, Милан и Челзи се поврзува со трансфер во клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами во САД.
Ветеранот во нападот има понуди и од други европски клубови.