Откако „Скај Италија“ објави дека Гонзало Игуаин се враќа во Аргентина поради болна мајка, брзо пристигна демант.
Неговиот татко Хорхе изјави дека тоа не е точно, и дека големиот напаѓач планира да остане во Јувентус до крајот на договорот.
„Сè што е кажано претходно не е точно. Можам да ви кажам дека Гонзало ќе остане во Јувентус и целосно ќе го почитува договорот“.
Неговиот договор важи уште една и пол година.
„После тоа, тој ќе одлучи што понатаму. Тој ќе биде господар на неговата судбина. Тоа е реалноста“.
Тој истакна дека знае колку многу навивачите на клубот од Торино го сакаат неговиот син.
„Фановите го сакаат онолку колку што и тој ги сака нив, но и самиот клуб“.
Аргентинецот досега има одиграно вкупно 34 натпревари оваа сезона, постигнувајќи осум гола и исто толку асистенции.