ФУДБАЛ

Игуаин: Се ежам кога размислувам со кого сум играл

Гонзало Игуаин моментално игра во САД за Интер Мајами, но кога беше млад беше член на славниот Реал Мадрид.

Игуаин има навистина импресивна кариера бидејќи ги носеше дресовите на Ривер Плата, Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Милан и Челзи, а посебно се сеќава на периодот поминат во Мадрид, од 2007 до 2013 година.

Тој признава дека и самиот со задоволство се сеќава на моментите кога како 19-годишник пристигнал во најголемиот клуб во светот.

“Сите не третираа со голема љубов. Роберто Карлос се грижеше за мене со голема понизност. Роналдо, Хелгуера, Канаваро, Раул, Ван Нистелрој, Хелгуера, Бекам… и нема да ги именувам сите – тие беа со мене во тимот, ме почитуваа и ми помогнаа“, изјави Игуаин и додаде:

„Кога мислам на играчите со кои сум играл, се ежам и понекогаш не ми се верува што сум направил. Играв со Роберт Карлос, со Роналдињо против мене… Имав навистина одлична кариера“.

Аргентинецот има 34 години, но дефинитивно може да биде многу горд по се што помина. Покрај тоа, тој играше со Лионел Меси и други аргентински ѕвезди од 2009 до 2019 година, а на 75 натпревари постигна 31 гол во дресот на аргентинската репрезентација.