ФУДБАЛ

Игуаин се враќа во поранешниот клуб? „Ќе разговараме…“

Во последните недели има многу шпекулации за тоа дали Гонзало Игуаин ќе остане во Јувентус.

Договорот со Пипита со Јувентус важи до 2021 година и има желба да го комплетира, но тоа не ги спречува некои клубови да фантазираат дека ќе го доведат.

Откако јавно покажа интерес за Лос Анџелес Галакси, директорот на Ривер Плата, Енцо Франческоли, сега потврди дека би сакал Игуаин да се врати во клубот каде што започна.

“Тој е тој што одлучува. Денес, неговата цел е да го заврши договорот со Јувентус, а потоа ќе видиме”, изјави Франческоли за „Tuttojuve.com“, додавајќи:

“Ќе разговараме на темата поконкретно во иднина. Би било убаво ако тој повторно се врати и игра за Ривер Плата. Неговиот татко исто така играше за овој клуб. Што ќе одлучи на крајот, ќе видиме”, додаде поранешниот играч на Каљари и Торино.

Аргентинецот досега има одиграно 34 натпревари за Јувентус оваа сезона. Тој постигна осум гола и забележа исто толку асистенции.