ФУДБАЛ

Икарди: Можеме да играме против било кој

Капитенот на Интер Мауро Икарди вели дека неговиот тим може да се натпреварува со било кој во Европа.

Интер до 86. минута губеше 1:0 од Тотенхем, а потоа Икарди постигна еврогол за 1:1, а потоа Стефан Де Брај во продолжението постигна гол и му донесе победа на Интер.

Прво го објасни својот спектакуларен гол.

“Сите беа во шеснаесетникот, но јас останав, Асамоа ми нафрли фантастична топката и погодив. Денес го направивме она што треба да се направи”, рече Икарди, но додаде:

“Знаеме дека сме силен тим и дека може да се натпреваруваме против било кој. Го чекаме овој натпревар три месеци и тоа ни дава многу сила за лигата. Ваков натпревар во Лигата на шампионите многу придонесува, но еден натпревар не значи ништо. Мора да останеме мирни и мислам дека можеме да играме против било кој”.