ФУДБАЛ

Икарди му донесе бод на Интер, идентичен резултат и во Неапол

Барселона без Лионел Меси ја продолжи серијата без пораз во Лигата на шампионите, одигрувајки нерешено (1:1) на гостувањето против Интер.

Како што беше кажано Меси одвој натпревар на „Џузепе Меаца“ го следеше од клупата за резерви, а неговиот тим беше блиску до победа. Голови немаше се до 83. минута кога Малкон успеа да ја затресе мрежата на Интер и и донесе водство на Барселона од 1:0. Но сепак кој ако не, Мауро Инарди, ги сруши соништата на Барселона и во 87. минута успеа да го изедначи резултатот на 1:1.

Без победник заврши и натпреварот во Неапол, Наполи – ПСЖ (1:1). ПСЖ успеа прв да го отвори резултатот во 45+2. минута а стрелец на голот беше Бернат по асистенцијата на Мбапе. Сепак радоста на гостите не траеше долго, кога во 63. минута Инсиње ја затресе мрежата на Буфон и го постави конечниот резултат од 1:1.

Атлетико Мадрид со резултат од 2:0 славеше над Борусија, а стрелци на головите беа Саул Нигез и Гризман.

Порто на домашен терен успеа да слави висока победа од 4:1 над Локомотив Москва, а головите за домаќините ги постигнаа Херера во 2. минута, Марега во 42. минута, Корона во 67. минута и Отавио во 93. минута, за гостите единствениот гол го постигна Фарфан во 59. минута.

Тотенхем славеше над ПСВ Ајндховен со 2:1, Домаќините по само две минути игра губеа 1:0, но во вториот дел во ритам влезе Хари Кејн, со два гола му донесе победа на Тотенхем, првиот гол го постигна во 78. минута а вториот на самиот кра, во 89. минута.

ГРУПА А: Монако – Бриж 0:4, Атлетико М. – Борусија Д. 2:0.

Табела: Борусија 9, Атлетико М. 9, Бриж 4, Монако 1.

ГРУПА Б: Интер – Барселона 1:1, Тотенхем – ПСВ Ајндховен 2:1.

Табела: Барселона 10, Интер 7, Тотенхем 4, ПСВ Ајндховен 1.

ГРУПА Ц: Ц. Звезда – Ливерпул 2:0, Наполи – ПСЖ 1:1.

Табела: Наполи 6, Ливерпул 6, ПСЖ 5, Црвена звезда 4.

ГРУПА Д: Шалке – Галатасарај 2:0, Порто – Локомотив М. 4:1.

Табела: Порто 10, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив 0.