Мауро Икарди нема да игра за Интер во утрешниот дерби против Лацио.
Аргентинецот минатата недела се вратил на тренингот по повеќе од месец пауза, а италијанските медиуми тврдеа дека Икарди може да игра против Лацио.
Сепак, 26-годишниот напаѓач беше изоставен од тимот, тренерот Лучијано Спалети откри дека нешто се случува на тренингот по што тој процени дека Икарди уште не треба да се врати во игра.
„На некој начин, се чинеше дека во тимот ни дојде нов играч. Долго не беше со нас. Тренираше, моравме да го вклучиме во режим на тренингот. Вчера се случи нешто и јас морав да проценам и да донесам одлука. Ќе видиме за следниот натпревар“ , Истакна Спалети.
Значи Икарди повторно нема да го гледаме со тимот. Спалети одлучил да не го предводи поранешниот капитен на многу важен натпревар, бедејки се уште има проблеми со повредите.
Кеита Балде е сега главниот кандидат да го започне натпреварот на врвот на нападот наместо Лаутар Мартинез кој го промаши натпреварот поради повреда.