ФУДБАЛ

Икарди веќе го избра клубот во кој сака да игра, а другите опции не се во прашање

Мауро Икарди оваа сезона играше на позајмица од Интер во ПСЖ.

Сепак, на крајот на сезоната Аргентинецот ќе го напушти Париз и ќе се врати во Милано, а Интер дефинитивно ќе го продаде.

Икарди се поврзува со многу клубови. Атлетико Мадрид и Наполи најчесто се споменувани, исто така и Јувентус, каде што 27-годишниот напаѓач сака да замине.

Според „Спорт Медијасет“, аргентинскиот напаѓач само сака да замине во Торино. Тој нема да прифати друга опција освен Јувентус затоа што сака да игра таму.

Ќе видиме што ќе се случи на крајот од случајот „Икарди“, но нема дилема дека Аргентинецот би бил голем поттик за нападот на Старата дама.

Икарди оваа сезона има одиграно 31 настапи во дресот на ПСЖ, постигнувајќи 20 голови и запиша четири асистенции.