ФУДБАЛ

Икарди заминува од Европа?

ПСЖ повеќе не смета на Мауро Икарди.

Новиот тренер на Париз, Кристоф Галтие направи список со отпишани играчи, вклучувајќи го и споменатиот икарди.

Инаку, претходно беа отпишани Лајвин Курзава, Абду Диало, Идриса Гује, Андер Херера, Џулијан Дракслер, Тило Керер. Играчи кои и лани беа на страна.

По оваа вест се појави информација дека Икарди би можел да ја продолжи кариерата надвор од Европа.

За услугите на Аргентинецот е заинтересиран Ал Шабаб од Саудиска Арабија, кој во последно време носи се повеќе играчи од Европа.

Тие неодамна го официјализираа трансферот на Грегорз Кричовиак, а капитен на тимот е Евер Банега (34).

Токму искусниот Банега би можел да има главна улога во доаѓањето на Икарди. Банега е капитен на Ал Шабаб и сигурно неговиот збор има тежина кај тренерот и управата на клубот.

Икарди има 29 години и прашање е дали на оваа возраст сака да ја напушти Европа, но сигурно голема улога во се ќе има финансиската инекција од Арабија.