Апсолутна легенда на шпанскиот и светскиот фудбал, мораше принудно да ја заврши кариерата откако доживеа срцев удар на тренингот во Порто, но нема намера да стави крај на својата кариера на тој начин.
Касиљас тренира напорно, но ќе мора да ги почека тестовите закажани за март следната година за неговото враќање.
Тој преглед е клучен за неговата кариера. Лекарите ќе донесат одлука дали 38-годишниот голман може да ја продолжи кариерата или дефинитивно да ја заврши кариерата.
Додека ги чекаше тестовите, Икер не остава ништо случајно и сака да биде способен во случај лекарите да му дозволат да се врати на теренот.
„Работа“, напиша кратко на Твитер, а фотографијата привлече големо внимание.
Work in progress… 💪🏃🏻♂️#buenasnochesmundo pic.twitter.com/1PZY4mdVS0
— Iker Casillas (@IkerCasillas) October 15, 2019