ФУДБАЛ

Иконата на клубот се враќа на „Стемфорд Бриџ“

Маурицио Сари го напушта Челзи.

По само една сезона, италијанскиот тренер одлучи да замине и тој наскоро ќе стане нов тренер на Јувентус.

Раководството на Челзи веќе започна преговори со неговата замена. Тоа треба да биде легендарниот играч на Челзи, Френк Лампард.

Лампард имаше одлична сезона со Дерби Каунти. Тој го одигра финалето на плејофот за Премиер лигата, но го загуби од Астон Вила.

Сепак, тој покажа дека има добри менаџерски способности. Френк се уште е големо име на „Стемфорд Бриџ“ и навивачите ќе бидат воодушевени од фактот дека тој го презеде клубот.

Преговорите со Лампард се во тек. Тој сега е најголемиот фаворит за клупата на клубот од Лондон, а официјалната потврда ќе дојде откако Сари ќе го комплетира договорот со Јувентус.

Лампард го носеше дресот на Челзи од 2001 до 2014 година и важи за вистинска икона на клубот. Тој играше за Челзи вкупно 640 натпревари, постигна 209 гола и 150 асистенции.

Учествувал во освојувањето на сите поголеми трофеи. Три пати беше шампион на Англија, четирипати го освои ФА Купот, два пати од Купот на Лига и по еден трофеј од Лигата на Шампионите и Лига Европа.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаЛига Европа