ФУДБАЛ

Има ли понуда за слободниот Еден Азар?!

Еден Азар се уште нема клуб.

Тој во јуни на взаемна согласност го раскина договорот со Реал Мадрид, една година пред официјалното истекување на соработката, а се шпекулираше дека можеби и предвреме ќе се пензионира.

Оттогаш, до денес, работите не се многу променети, бидејќи Еден Азар не добил понуда од Европа, ниту од помалку атрактивни лиги.

Очигледно, според медиумите, тој има три опции – Бразил, МЛС или Саудиска Арабија.

Во Бразил се споменува дека го посакува Ботафого, додека неколку членови на МЛС лигата го бараат од Америка.

Слична е ситуацијата и со Саудиска Арабија, иако не се познати имињата на клубовите.

Проблемот е што Азар не е премногу заинтересиран да ја заврши кариерата на овој начин и повеќе би сакал да се пензионира.

Слободен е на пазарот и како таков нема обврска да потпише до 31 август, за слободните играчи трае трансфер периодот и кога ќе почне сезоната, прашање е само дали можат да се пријават и за меѓународни натпревари.