ФУДБАЛ

Има ли смисла во зборовите на Лопетеги?

Тренерот на Реал изненади по натпреварот.

Тренерот на Реал Мадрид Јулиен Лопетегуи сè уште не планира да си даде оставка за таа позиција. Неговата екипа денес беше прегазена од Барселона со високи 5:1 со што ова е нејзин трет пораз во Ла Лигата. По натпреварот, Лопетеги беше прилично смирен, па дури и уверен дека тој и неговите момци ќе слават до крајот на сезоната.

„Сите знаеме како функционира фудбалскиот свет и дека на крајот целата одговорност е на тренерот. Не сум глупав. Но, овде ние победуваме заедно и губиме заедно. Сè уште мислам дека сме во рана фаза во сезоната и дека Реал до крајот на сезоната ќе слави. Се чувствувам тажно во овој момент, но имам голема желба да останам водач на оваа група. Ова е тежок пораз, но јас сум доволно силен и знам дека нештата можат да се подобрат. Пред нас е долг пат, но имам голема верба во овие играчи.” рече Лопетеги по натпреварот.

Ќе видиме дали со овие зборови ќе се сложи и претседателот Флорентино Перез.

ПОВРЗАНО

Ла Лига