Роберт Левандовски во пресрет на доделувањето на Златната топка изјави дека направил се за да ја добие престижната награда.
Одличниот играч на Баерн заврши на второто место зад Лионел Меси кој по седми пат во кариерата ја освои Златната топка.
Организаторите се обидоа да ја задржат неизвесноста до самиот крај, но веќе протекоа информации дека Аргентинецот ќе ја добие престижната награда.
Кога Меси беше прогласен за најдобар Левандовски покажа дека има нешто поважно од наградата, а тоа е спортскиот дух и човечкиот образ.
Полјакот со блага насмевка му аплаудираше на Меси, а потоа двајцата се ракуваа.
Инаку, Левандовски доби утешна награда затоа што Франс Фудбал го прогласи за најдобар стрелец во 2021 година.
Жоргињо заврши на третото место во конечниот пласман, додека Карим Бензема беше четврти. Н’Голо Канте се најде меѓу првите пет.