Договорот меѓу Карло Анчелоти и Реал Мадрид ќе трае уште една и пол година, но постои можност тој да се раздели порано.
Легендарниот тренер месецов ќе добие понуда од бразилскиот фудбалски сојуз, а доколку ја прифати, најверојатно ќе значи дека ќе мора да се посвети само на таа работа, односно дека нема да остане тренер на Реал.
Во секој случај (без разлика дали ќе замине на крајот на оваа сезона или на крајот на следната сезона) Реал Мадрид има решение.
Човекот кој учи занает во Мадрид и кој ја чека својата шанса е Раул, за што веќе пишувавме претходните денови. Раул моментално е во Кастиља, не сака да си замине од тој клуб на средина од сезоната иако имаше многу примамливи понуди, а се со цел еден ден да седне на клупата на актуелниот европски шампион.
Според информациите на шпанските медиуми, токму Реалу ќе седне на клупата кога Анчелоти ќе си замине…
