Кристијано Роналдо (37) се уште не се приклучил на подготовките на Манчестер Јунајтед.
Португалецот сака со сите сили да го напушти Олд Трафорд само една сезона по враќањето во клубот, но засега тоа е невозможно.
Роналдо во претходниот период беше поврзуван со бројни екипи. Неговите услуги беа понудени на Баерн, ПСЖ, Челзи, но сите овие клубови одбија да го ангажираат.
Сепак, CR доби огромна понуда од Саудиска Арабија. Неименуваниот клуб му понудил 300 милиони евра за двегодишен договор, а Јунајтед 30 милиони евра за ’слободата’ на португалскиот фудбалер.
Роналдо не сакаше ни да слушне за оваа понуда. Португалскиот весник Рекорд тврди дека ЦР ја одбил оваа профитабилна понуда и целта му е јасна – играње во Лигата на шампионите.
На Саудијците не им помогна ниту неверојатната бројка која му ја понудија на Кристијано. Има доволно пари за ладнокрвно да одбие такви понуди.
Еве зошто Кристијано сака да го напушти Јунајтед. Во новата сезона „Црвените ѓаволи“ нема да ги гледаме во Лигата на шампионите, а ова натпреварување нема намера да го гледа на телевизија по 19 последователни сезони.
ЦР беше најдобар играч на Јунајтед минатата година во очајната сезона за клубот. Тој одигра 37 натпревари и постигна 24 гола.