ФУДБАЛ

„Имаме проблеми во тимот што јас како тренер не можам да ги решам“

Фудбалерите на Тотенхем денеска уште еднаш ги разочараа своите навивачи затоа што беа поразени на гостувањето кај Вест Хем со 2:1.

Тотенхем игра во многу лоша форма во последно време, а се погласни се шпекулациите дека Жозе Мурињо наскоро би можел да добие отказ.

По денешниот пораз од Вест Хем, португалскиот стручњак се најде под голем удар, а многумина сметаат дека наскоро би можел да добие отказ доколку Тотенхем не ја подобри значително својата форма.

Мурињо даде изјава по натпреварот и рече дека тимот едноставно има проблеми што тој како тренер не може да ги реши.

“Имаме проблеми во тимот што јас како тренер не можам да ги решам. Чувствувам дека не сме во позиција да го искористиме целиот потенцијал на овој тим и трае премногу долго. Сето тоа е фрустрирачко кога ќе видите каков потенцијал има вашиот тим и тие не играат приближно најдобро како што можеа “, рече Мурињо.