Легендарниот бразилски напаѓач Адријано (40) најави дека кон крајот на оваа година официјално ќе се збогува од фудбалот.
Иако веќе осум години е пензиониран од фудбалот, Адријано ќе одигра проштален натпревар за клубовите кои ги смета за свои. Приреди вистински спектакл.
Интер ќе пристигне на славната Маракана во Рио де Жанеиро и Адријано ќе се прости играјќи за тимовите во кои ги забележа најубавите моменти во кариерата.
View this post on Instagram
Тој изненади од изборот на човекот што сакал да го види на натпреварот. Токму напаѓачот на Фламенго, Габриел Барбоса, попознат како Габигол, важи за еден од најголемите неуспеси на Интер во изминатите 20 години.
Адријано сака да го види на неговото збогување и сака да игра со него против Нероаѕурите, барем едно полувреме.
“Би било убаво да играм заедно со Габриел Барбоса. Мислам дека тоа ќе биде мојот проштален натпревар на крајот на годината. Интер ќе игра против Фламенго. Се надевам дека Габи ќе биде таму за да го исполни сонот”, изјави Адријано.
View this post on Instagram
Нема дилема дека славната Маракана ќе биде пополнета до последното место во дуелот на светските фудбалски титани.
Адријано одбележа една ера во двата клуба и навистина е штета што никогаш во целост не го покажа талентот кој го поседува.