ЛА Лејкерс полека, но сигурно излегуваат од краткотрајна криза. Тие синоќа ги разбија Голден Стејт Вориорс.
Актуелните шампиони стигнаа до втората последователна победа со резултат 117: 91. Ги предводеше никој друг, освен Леброн Џејмс со 19 поени. Ерик Пашал се истакна со 18 поени.
Најдраматично беше на мечот Бостон Селтикс – Вашингтон Визардс. Победникот беше решен на пет секунди пред крајот, погоди Џејсон Тејтум за конечни 111: 110.
Визардс влегоа со +5 во последната минута, но на крајот загубија. Најголем „виновник“ е Татум со 31 поен. Од друга страна, Брадел Бил постигна 46 поени, но постави и негативен рекорд во НБА лигата.
https://youtu.be/krt8VM1rIn8
Имено тој е првиот играч во историјата кој загубил 11 натпревари по ред на кои постигна 40 или повеќе поени.
Резултати од НБА-лигата:
Бостон – Вашингтон 111: 110
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 117: 91
Сакраменто – Шарлот 126: 127
Минесота – Феникс 99: 118
Хјустон – Мемфис 84: 133
Мајами – Атланта 109: 99
Детроит – Њујорк 90: 109
Милвоки – ЛА Клиперс 105 : 100