Претседателот на ФИФА Џани Инфантино е убеден дека лажните бројки кружат во медиумите, а кои говорат за бројот на загинати работници на изградбата на стадионот за Светското првенство во Катар.
Инфантино даде неколку изјави оваа недела и тоа секако не е во корист на УЕФА, а меѓу другото рече дека е лага дека околу 6.500 работници загинале на изградбата на стадионот за Светското првенство кое се игра во Катар на крајот на годината.
Британски Гардијан објави напис пред една година, повикувајќи се на свои извори, во кој се откри дека загинале над 6.000 работници од земји како Индија, Пакистан, Бангладеш, Шри Ланка или Непал, поточно – околу 6.500. Инфантино не ги прифаќа таквите наводи.
„Во реалноста, само три лица загинаа. И тоа е премногу“, рече Инфантино на собранието на Советот на Европа, додавајќи.
„Условите за работа се исти како во Европа.“
Меѓународната организација на трудот (МОТ) во својот извештај напиша дека во 2020 година во Катар загинале 50 градежни работници, 500 биле тешко повредени, а се случиле уште 35.000 помали несреќи. Сепак, некои организации истакнуваат дека Катар не ги евидентира сите несреќи на градилиштата, а многу работници не се официјално пријавени.
Се на се, многу дамки се фрлени на Светското првенство во Катар, а се уште не е ни блиску. Не е познат точниот број на жртви за време на работите на стадионите и другите објекти во Катар, но Инфантино тврди дека само тројца од нив загинале, што е прилично збунувачки.
Многу семејства на загинатите се уште се борат за парична отштета за загубата, а официјални обдукции обично нема. Причините за смрт се проблеми со срцето и дишењето, гушење, паѓање од височина или струен удар.
Катар изгради седум нови стадиони за Светското првенство, но и десетици други проекти како што се нов аеродром, патишта, јавен транспортен систем, хотели и сосема нов град Лусаил кој ќе биде домаќин на финалето.