ФУДБАЛ

Инфантино ја згрози јавноста со овој „гест“ на погребот на Пеле!

Бразилците денеска се збогуваат со својата легенда, на стадионот на Сантос има ковчег со телото на Пеле, а навивачите на Бразилецот имаат можност да го кажат последното збогум.

Има и луѓе од различни сфери на фудбалот, во Сао Паоло беше присутен и Џани Инфантино. Претседателот на организацијата ФИФА му оддаде почит, но потоа направи голем гаф кој наиде на гласно неодобрување.

Имено, Инфантино решил да направи неколку „селфи“ покрај отворениот ковчег со телото на Пеле. Сцена која дефинитивно не им оди во прилог на Швајцарецот, реакцијата на јавноста го принуди Инфантино да се огласи поради сликите кои го преплавија интернетот. Според неговите зборови, поранешните соиграчи на Пеле му побарале заедничка фотографија, која тој не можел да ја одбие.

Наводно не се снашле добро со мобилниот па им помогнал. Сепак, веруваме дека имало подобро време и место за такво нешто.