ФУДБАЛ Инфантино “удри” по Европјаните: Не можете да му делите морални лекции на Катар, уште 1000 години треба да се извинувате, без пиво можете да издржите E R 19 ноември 2022 Катар е широко критикуван за кршење на човековите права, шпекулации за мито и корупција и други злоупотреби, меѓутоа, Инфантино верува дека Европејците немаат право да делат морални лекции. „Европа не може да му дава морални лекции на Катар поради сите постапки од претходните 1.000 години и повеќе“, рече Инфантино. Инфантино сочувствува со дискриминираните луѓе. -Денес се чувствувам како Катарец. Денес се чувствувам како Арап, Африканец, геј, инвалид. Денес се чувствувам како печалбар“, рече Инфантино и додаде: “Знам како е да се чувствуваш дискриминиран. Ме малтретираа затоа што имав црвена коса. Мислам дека можете да преживеете без пиво три часа. Има многу земји кои забрануваат алкохол на стадионите, како Франција. Но, Катар, бидејќи е муслиманска земја, се напаѓа. Светското првенство започнува в недела во 17 часот, со натпреварот меѓу Катар и Еквадор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Фудбал Фабрегас во еуфорија: Од пресоблекување во бар до Лига на шампиони со Комо Фудбал Датуми и времиња на сите натпревари од Светското првенство во 2026 година Фудбал Мајкл Керик ја презема долгорочната контрола над Манчестер Јунајтед