Џани Инфантино останува со намера да ги убеди националните федерации да прифатат Светско првенство на секои две години.
“Светското првенство со 48 репрезентации (од 2026 година) веќе е решено. Дали ќе се одржува на секои две или четири години е во фаза на консултации”, изјави Инфантино за медиумите во Израел.
„Токму затоа што е магичен турнир, можеби треба да се случува почесто“, додаде тој.
“Репутацијата на еден настан зависи од неговиот квалитет, а не од неговата фреквенција. Секоја година имате Супербоул, Вимблдон или Лига на шампиони, и сите се возбудени и ги чекаат тие турнири”, зошто да не биде така и со Светското првенство“, заврши Инфантино