Со солзи во очите, пред неколку дена Андрес Иниеста, потврди дека ја напушта Барселона каде што поминал повеќе од две децении од својата кариера.
Брилијантниот 33-годишниот фудбалер од средниот ред се одлучи да го напушти Камп Ноу и да ја промени средина, но се уште не се знае каде ќе ја продолжи својата кариера.
Како следна дестинација беше спомната Јапонија и Висел Кобе, а во игра е исто така австралиската А-лига, која е во својата историја успеа, да донесе едно големо фудбалско име – Алесандро Дел Пјеро.
Дејвид Галоп, еден од челните луѓе на австралиската федерација, го потврди ова.
„Јас нема да го именувам клуб, но знам дека постои интерес“, рече Галоп.
Едно е сигурно, Иниеста ќе ја продолжи својата кариера надвор од Европа, како што вети.