Легендарниот играч на Барселона, Андрес Иниеста ги коментираше гласините за доаѓањето на Гриземан, на Камп Ноу.
Веќе неколку месеци назад Гризман се поврзува со Барселона, наводно Барселона е подготвен да одвои околу 100 милиони евра, а дека Французинот би бил одлично засилување за каталонскиот клуб, убеден е и Иниеста.
“Се што знам е дека Гризман е еден од најдобрите напаѓачи во моментов и дека е Атлетиков напаѓач. Ако се придружи на Барселона, ќе биде одлично”, рече Иниеста.
Шпански АС од друга страна пак тврди дека доаѓањето на Гризман во Каталонија е завршена работа.
Гласините не престануваат…