ФУДБАЛ

Иниеста за Барселона: Грдо е, мора да го задржите почитувањето…

Ернесто Валверде се уште е тренер на Барселона.

Се чини дека не уште долго со оглед на тоа дека Каталонците се во потрага по неговиот наследник.

Вчера се појавија информации дека сè е договорено со Чави Ернандез, но сè брзо било демантирано.

Валверде преживеа, сега се појави името на Гарсија Пимиенто, тренерот на Барса Б, кој треба да го води тимот до крајот на сезоната, а потоа Чави, кој моментно работи во Катарскиот Ал Сад, ќе го преземе кормилото.

Поранешниот член на Барса, кој е во Весел Коби од Јапонија, Андрес Иниеста, истакнува дека не му се допаѓа ситуацијата околу тренерот.

„Малку е грдо однесувањето на Барселона. Вие не можете да го третирате сегашниот тренер на тој начин“, рече Иниеста, додавајќи.

„Без разлика дали сакате или не да продолжите да работите заедно, мора да одржувате почит кон тренерот“.