ФУДБАЛ

Инсиње му оддаде почит на Марадона на посебен начин, направи спектакуларна тетоважа во негова чест (ВИДЕО)

Пред две недели Диего Марадона почина во својот дом во Буенос Аирес.

Марадона почина на 60 години, а неговата смрт го потресе фудбалскиот свет.

Ова особено се однесува на Наполи, каде Марадона помина некои од најубавите денови во својата кариера и постигна резултати со Наполи за кои многумина сметаа дека не се можни.

Затоа тој секогаш ќе има посебно место и статус во Неапол, што и денес се гледа јасно. Неговата смрт го потресе и капитенот на овој тим, Лоренцо Инсиње, кој реши да му оддаде почит на Марадона на посебен начин.

Имено, Инсиње го истетовира Марадона на ногата, а изгледот на тетоважата ја воодушеви јавноста.