Интер се налеше во осминафиналето во Купот на Италија против второлигашот Парма. Иако имаше поголем посед на топка, сепак до 75-тата минута избраниците на Симоне Инзаги не упатија ниту еден удар кон голот на противникот. Парма дури поведе со прекрасниот гол на Јуриќ, а овој резултат беше актуелен се до 88-та минута. Инзаги направи неколку измени по 60 минути игра. Во игра влегоа Беланова, Џеко, Димарко, а нешто подоцна и Дармијан и Ачерби, па Интер заигра подобро. Гол за израмнување следеше во 88-та минута преку Лаутаро Мартинез, па мечот отиде во продолженија.
Таму Парма имаше свои шанси, но и Интер, кој искористи една. Дефанзивецот Ачерби го лобуваше легендарниот Буфон со глава и тоа надвор од шеснаесетникот. Реакцијата на лицето на Буфон доволно говори и како да не можеше да поверува од која дистанца прими гол со удар со глава. Интер со оваа победа се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија.
