ФУДБАЛ

Интер доаѓа со официјална понуда за Жиру

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру се очекува повторно да се соедини со Антонио Контен во Интер, откако тој сега официјално добил понуда од Интер.

Французинот се наоѓа во составот на Челзи како трета опција по Тами Абрахам и Мичи Батшуаи, со само шест месеци преостанати на неговиот сегашен договор на „Стемфорд Бриџ“.

33-годишниот играч остана на клупата во победата на Челзи од 2:0 над Нотингем Форест во третото коло од ФА Купот во недела, но тој излезе на теренот по натпреварот за да ги поздрави навивачите – потег за кој се сметаше за збогум.

Лампард, наводно, бара нов напаѓач во јануарскиот преоден рок и ова го прави Жиру веројатно наскоро да има уште помалку минути игра.

„Goal“ пренесува дека претставниците на Интер и Жируд се сретнале во четвртокот за да разговараат за можноста за трансфер.

На Жиру му беше понуден договор до јуни 2022 година и Французинот беше подготвен да покрене нов предизвик по две години на „Стемфорд Бриџ“.

Интер се согласија да му дадат иста плата како и во Челзи – четири милиони евра оваа година, а 3,5 милиони за следните две години.

Интер сега ќе мора да преговара за договор со Челзи бидејќи Французинот е заинтересиран и за Астон Вила и Њукасл Јунајтед.