ФУДБАЛ

Интер доби големо засилување!

Италијанскиот шампион Интер наскоро ќе добие големо засилување.

Камерунецот Андре Онана (25) ќе стане нов член на „Нероаѕурите“ и договорот ќе биде потпишан во наредните часови.

Камерите на „Sky Sports“ го уловија Онана по пристигнувањето во Милано. Таму ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише договор со италијанскиот шампион.

https://twitter.com/Transfer__HQ/status/1478354920990461952

Сепак, Онана нема веднаш да биде меѓу стативите на „Нероаѕурите“, туку ќе ја заврши сезоната во Ајакс, а потоа како слободен играч ќе пристигне во Интер.

25-годишникот помина низ младинската школа на Барселона. Тој не доби шанса во првиот тим и реши да оди во Ајакс и тоа беше вистинскиот потег.

Камерунецот со години е ’единица’ на великаните од Амстердам за кои настапи 205 пати.

https://youtu.be/BLLGOY1r9dY