Англискиот тим Вест Хем испратил понуда до Интер за трансфер на напаѓачот Габриел Барбоса, кој настапува како позајмен во Фламенго, тим со кој ја освои Копа Либертадорес и бразилското првенство. Понудата е 20 милиони евра за трансфер во јануари, а останува да се види дали Интер ќе ја прифати.
Се очекува такво нешто да се случи бидејќи од порано е јасно дека Антонио Конте не планира да го враќа Габигол во Милано.