Интер, наводно, е на прагот да го потпише Матео Дармијан од Парма, а трансферот ќе изнесува само два милиони евра.
Поранешниот дефанзивец на Милан и Торино е близу до преселба во Интер, а неговиот агент Паоло Кастелини вчера имаше конкретна средба со челниците на миланскиот клуб.
30-годишникот, кој се врати во Серија А од Манчестер Јунајтед минатото лето, го напушта Енио Тардини по само една сезона и ќе се натпреварува во тимот на Интер.
Дармијан минатата сезона одигра 34 натпревари и постигна еден гол во Серија А.