Медиумите во Италија пишуваат дека Интер договорил трансфер на Робин Госенс од Аталанта во јануарскиот преоден рок. Во деновите што следуваат ќе биде официјализиран трансферот, кој е по формула 3 милиони за позајмица до лето, а потоа задолжителен откуп за 22 милиони евра. Самиот фудбалер ќе потпише четиригодишен договор со италијанскиот шампион за 2,5 милиони евра годишна плата, 1 милион повеќе од она што го добива во Аталанта.
Освен ова, италијанските медиуми пишуваат дека Интер ги договорил и личните услови на дефанзивецот на Торино, Бразилецот Бремер, кој би требало во Милано да пристигне следната сезона. Најверојатно Стефан Де Фрај заминува, а токму Бремер ќе биде неговата замена. Останува уште Интер и Торино да се договорат за обесштетувањето.