ФУДБАЛ

Интер експресно најде нов тренер

Фановите на Интер вчера беа во шок откако беше објавено дека Антонио Конте повеќе не е тренер на овој тим.

Со Интер оваа сезона, Конте успеа да ја запре деветгодишната доминација на Јувентус и да го освои Скудетото, што секако е огромен успех.

Интер стигна до титулата шампион на Италија по 11 години чекање, а многумина изјавија дека Конте е еден од најзаслужните за тоа.

Но, вчера Интер ги шокираше сите кога се потврди дека Конте повеќе не е тренер на овој тим. Италијанскиот стручњак реши да го напушти клубот поради несогласувања со лидерите кои не ги делат неговите амбиции за иднината.

И покрај финансиската криза што го тресе Интер, факт е дека Конте успеа да направи голем успех, но на крајот тој реши да не остане бидејќи клубот нема амбиција да направи чекор напред.

Сепак, се чини дека Интер нема да чека долго кога е во прашање доведувањето нов тренер, а тие веќе денес се „фрлија на дело“.

Истакнатиот новинар Фабрицио Романо вечерва објави дека Симоне Инзаги најверојатно ќе биде новиот тренер на Интер, и дека постигнал договор со клубот од Меаца.

Тој најави дека Интер и Инзаги постигнале договор и дека договорот ќе биде потпишан во наредните часови, кога се очекува официјална потврда за соработка.

45-годишниот стручњак е на клупата на Лацио веќе пет години, а неговиот договор со овој клуб истекува следниот месец. Иако се шпекулираше дека тој ќе ја продолжи соработката, пристигна понудата на Интер, поради што Инзаги очигледно се предомисли.