Без сомнение, Мурињо нема да мора уште долго да чека на новиот тренерски ангажман, затоа што многу клубови покажаа интерес за него, но во многуте шпекулации има и такви кои не се точни. Една од нив секако е врзана за Интер кој некогаш навистина успешно го водеше…
„Мурињо? Не не изненадува што зборуваме за него во време кога медиумите и сите други мораат да кажат нешто. Ние работиме на рационален начин. Нашиот проект со Спалети трае година и пол и ќе продолжиме заедно уште многу години“, истакна спортскиот директор на Интер Пјеро Аусилио.
Интер моментално се наоѓа на третото место во Серија А со 39 освоени бодови, но не успеаа да се пласираат во осмина финалето од Лигата на шампионите.