Челниците на Интер се многу блиску да го продолжат договорот со првиот чувар на мрежата Самир Хандановиќ. „Газета дело Спорт“ пишува дека договорот помеѓу двете страни е постигнат, а би требало да биде продолжен за уште една година, односно до 2022-ра. Неговиот актуелен договор истекува следната година.
Тоа значи дека 36-годишниот Словенец во Интер ќе помине цели 10 години, бидејќи во Милано од Удинезе пристигна во 2012-та година.